Високата излезност на парламентарните избори во Иран ќе покаже единство против „непријателите“, изјави денеска врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

– Америка нема да успее да создаде поделби меѓу власта и Иранците … високата излезност ќе го покаже нашето единство против непријателот, напиша Хамнеи на Твитер.

Парламентарните избори во Иран ќе се одржат на 21 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2020 15:42