Генералниот секретар на либански Хезболах, Хасан Насралах изјави дека регионот се соочува со нов неизбежен судир со оглед на тоа дека другата страна односно САД водат војни, извршуваат атентати и ги одземаат правата.

Тој алудираше на мировниот план за Блиски Исток, што неодамна беше претставен од американскиот претседател Доналд Трамп. Насралах посочи и дека САД претходно доживувале неуспех кога народите од регионот одлучиле да им се спротвистават.

– Луѓето во регионот немаат друг избор пред овие бројни и различни облици на американската агресија, со исклучок на сеопфатниот и народен отпор, истакна Насралах, додавајќи оти палестинското отфрлање на американскиот план е од клучно значење.

Тој се осврна и на состојбата во Либан наведувајќи дека земјата поминува низ тешка економска, финансиска и монетарна ситуација.

Насралах истакна дека Хезболах нема да ја напушти Владата на Хасан Диаба, која пред неколку дена доби доверба.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2020 20:08