Меѓународно признатата влада во Либија ги прекина разговорите за прекин на огнот под покровителство на ОН во Женева по вчерашниот напад врз пристаништето во главниот град Триполи, соопшти претседателскиот совет на земјата.
Во соопштението се вели дека либиските сили ќе одговорат цврсто на нападот во вистинско време. Пристаништето во Триполи беше нападнато вчера и, според извори, погодено е складиште, но ниту еден брод.
Бродовите, вклучително и танкерите за гориво, кои беа закотвени во пристаништето, беа евакуирани по нападот.
Силите на либискиот генерал Калифа Хафтар соопштија дека нападнале турски брод со оружје, соопшти неименуван воен претставник на Либиската национална армија (ЛНА)