Вкупниот број на патници достигна 1.382.714, соопштија од ТАВ Македонија, компанијата аеродромски оператор. Во истиот период, од јануари до септември 2016 година, вкупниот број на полетувања и слетувања на двата македонски аеродроми исто така се зголеми за 11%, на вкупно 13.009 летови.


Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми за 17%

-Порастот од 17% на вкупниот број на патници во првите девет месеци од годинава покажува дека стратегијата за ширење на мрежата на рути до повеќе и различни дестинации се покажа како успешен мотор за зголемување на патувањата до и од македонските аеродроми. Оттука, нашите главни заложби како менаџмент, силно поддржани од Маркетинг Одделот на ТАВ Аеродроми, како и од Владата како наш партнер, ќе останат фокусирани на привлекување нови авиокомпании, отворање нови дестинации и зголемување на бројот на фрекфенции на постоечките рути, со цел да генерираме поголем сообраќај. Со новите дестинации кои ќе бидат отворени од скопскиот аеродром – Хановер на крајот на овој месец, и Доха на почетокот од 2017 година, очекуваме натамошен пораст на авиосообраќајот, што ќе ги направи нашите аеродроми поатрактивни и повидливи на регионално ниво за глобалните авиокомпании и тур-оператори, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 15:24