Палестинските власти почнаа преговори за укинување на забраната за извоз на палестински производи, која е наметната од Израел.

Во соопштението се наведува дека палестинските власти со посредство на меѓународни медијатори преговараат со израелската Влада, со цел да се прекине забраната за извоз на палестински земјоделски производи. Повеќе детали околу преговорите не се откриени.

Преговорите ги иницирале палестинските министри за економија и за земјоделство, Калед ал-Осаил и Ријад ал-Атари по разговори со земјоделските производители.

Израелските власти минатата недела забранија извоз на палестински земјоделски производи преку Јордан, како одговор на претходната одлука на Палестинците за забрана на извоз на телиња од Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2020 10:53