Третиот светски тенисер во моментот Роџер Федерер ќе загуби преку 3.000 бода на АТП листата поради пропуштање на пролетниот дел од сезоната и потребата да се подложи на операција на коленото.

Швајцарецот соопшти дека од таа причина нема да ги брани ланските освоени бодови на тврда подлога и на земја и оти планира да се врати на АТП турот за сезоната на трева. Тој лани триумфира во Мајами и во Дубаи, играше во финале во Индијан Велс, во четврт-финале во Рим и во Мадрид и полуфинале на Ролан Гарос што преведени во бодови изнесува 3.180.

Федерер моментно има 7.130 бода што значи дека ќе падне под 4.000, нема да излезе од топ 10, но значително ќе го расипе својот пласман.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2020 22:07