Во текот на изминатитe денови (21, 22 и 23.02.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкциониран е и еден возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Во текот на изминатите денови, соопштија денеска од МВР, 119 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 12:23