Македонката Мила Рељиќ го освои бронзениот медал на меѓународниот таеквондо натпревар Президенс куп Г2 одржан од 18-23 февруари во Хелсингборг, Шведска.

Рељиќ која е член на таеквондо клубот Тигри-Скопје настапи во категоријата -68 кг.

– На пиедесталот бевме со светските велесили, Америка и Русија. Освоивме бронзен медал на Европскиот Президенс Г2 куп, на кој настапија 65 земји со 1.500 натпреварувачи. Ова е огромен успех по минатогодишните освоени 11 медали на меѓународни натпревари, меѓу кои и златниот медал на Босна опен Г1, натпревар и бронзен медал на Галеб опен Г1. Рељиќ минатата година беше пласирана на 5. место на Европското клупско првенство во Солун и 6-та на Мулти-Европските игри одржани во Софија, изјави Александар Ефтимов, тренерот на Мила Рељиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 14:23