Американскиот процудент Харви Вајнстин денеска во суд во Њујорк е прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување, јави Си-Ен-Ен. Вајнстин е прогласен за виновен за сторено сексуално кривично дело врз една жена и силување друга жена.

Поротата во судот во Њујорк, сепак, го ослободи од натамошно гонење овој осрамотен холивудски продуцент за многу посериозните обвинувања за грабежлив сексуален напад врз две жени, Миријам Хејли и Џесика Ман. Имено, за овие обвинувања тој можеше да добие казна доживотен затвор.

Но, поротниците соопштија дека без сомнение утврдиле дека Вајнстин, исто така, ја силувал Анабела Скиора, уште една жртва чие сведочење обвинителите го користеа во обидот да го утврдат грабежливото однесување на продуцентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 21:46