Принс Мајкл Втори Џексон, најмладиот син на починатиот поп-пејач Мајкл Џексон, со својот 18. роденден, го прослави и своето ново име – Бленкет.

На прославата присуствувале и неговиот брат Принс Мајкл Џексон и сестра му Парис Џексон, која е манекенка и глумица.

Принс Мајкл Втори и во 2015 година си го смени името, во Биги. Но, и досега во светот беше попознат како Бленкет („ќебе“), прекар што му бил даден од татко му, всушност. Така, момчето сега одлучи тоа да му биде и законско име.

Неговите брат и сестра го поддржуваат во сè тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2020 11:34