Кинеските банкарски и осигурителни компании „вбризгаа“ 790 милијарди јуани (112,45 милијарди американски долари) во економијата за поддршка на напорите за борба против епидемијата на новиот коронавирус.

Ова денеска го јави кинеското државно радио повикувајќи се на претставници на регулаторното тело за банкарство и осигурување.

Претставници на регулаторното тело соопштиле дека ќе продолжи и строгиот надзор на компаниите од финансискиот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2020 21:47