Светското пингпонгарско првенство во пинг понг што беше закажано за наредниот месец во јужнокорејски Бусан е одложено поради опасност од ширење на коронавирус, сооопшти Светската пинг понг Федерација (ИТТФ).
Одлуката дојде по случаите на заразени со болеста во Бусан и донесена е на заеднички состанок меѓу градските власти и ИТТФ.
Екипното СП во пинг понг во Јужна Кореја требаше да се одржи од 22 до 29 март, а со најновата одлука е поместено во период од 21 до 28 јуни.