Лина Ѓорческа се пласира во второто коло на ИТФ турнирот во Москва што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка, која е поставена за осма носителка, на стартот славеше над Русинката Анастасија Тихонова со 6:2, 6:3. Наредна ривалка на Ѓорческа во руската престолнина ќе биде подобрата од белоруската пресметка меѓу Ана Кубарева и Јулија Хатука. Турнирот во Москва започна вчера и ќе трае до недела, први март.