Македонската Еспорт Федерација е официјален претставник на една од 23 земји кои, пред неколку дена во Брисел, ја основаа Европската Еспорт Федерација (ЕЕФ).

Повеќе од 100 милиони гејмери ширум европскиот континент ќе бидат застапувани од оваа федерација, основана од 23 национални еспорт федерации и три еспорт институции од Европа. Во име на МеСФ, актот за основање на Европската федерација го потпиша претседателот на нашата национална федерација, Бобан Тотовски.

Федерацијата, основана во зградата на Европскиот парламент, ги поврзува сите европски организации, тимови и играчи од сите еспорт игри без разлика на нивната вештина со цел да се оформи и трасира иднината на еспортот.

Македонската Еспорт Федерација, заедно со федерациите на Германија, Италија, Шведска, Полска, Финска, Данска, Русија, Турција и други држави, ќе промовира свесен, одговорен, оддржлив, вклучувачки и здрав развој на еспортот. Со ова ќе се создаде унифицирана репрезентација, силна визија за дигиталните средини на играчите и платформа за своите членови за понатамошен развој на еспортот.

ЕЕФ за своја матичен град го избра Брисел, а нејзините граници, иако не соодветствуваат со Европската Унија, ги делат нејзините вредности за солидарност и слобода. Како ниту едно еспорт движење досега, еспортот има огромни бенефиции од отворена Европа во слободен и мирољубив свет. Првиот Претседател на ЕЕФ е Ханс Јагно од Германија, додека за потпретседател е избран Карол Цаган од Словачка. Останатите членови на бордот на оваа организација се Емин Антонијан од Русија, Идо Брош од Израел и Алпер Оздемир од Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2020 11:42