Македонската репрезентација составена од боксерите: Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми се наоѓаат во Белград каде под водство на селекторот Хесус Сојет се подготвуваат за настап на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон.

Подготовките ќе се одвиваат заедно со српската репрезентација која иста така ќе настапи на турнирот во британската престолнина.

– Ова ќе биде нова убава можност за добри подготовки на нашите репрезентативци заедно со селекцијата на Србија со чија федерација имаме одлична соработка. Нашата репрезентација во Белград ќе остане до 8 март. Два дена подоцна се патува за Лондон каде од 14 март започнуваат квалификациите за Токио 2020, информира Боксерската федерација на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 10:26