Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје на терен по вчерашото силно невреме проследено со силен ветер
По вчерашното невреме проследено со силен ветер кој го зафати градот Скопје, од раните утрински часови екипите ЈП Водовод и канализација - Скопје започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализационата мрежа. Екипите на претпријатието вршат расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје.