Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски и капитенот Стојанче Стоилов, на два дена пред дуелот со Монпеље во рамките на последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампионите, изјавија дека Французите се фаворити.

– Нашата примарна цел, пласманот во ТОП 16 ја остваривме. Сега, поради ситуација во која се наоѓа клубот и поради неколкуте повредени играчи, Монпеље е фаворит на овој меч, но тоа не значи дека ние влегуваме со бело знаме. Ќе го дадеме нашиот максимум , мотивација не недостига и ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат. Ние сме домаќини и европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓаме оставаат резерва кај мене да не бидам оптимист пред натпреварот, изјави Алушовски.

– Монпеље е апсолутен фаворит. Наше е да дадеме се од себе и да пробаме да ги изненадиме, рече Стоилов на денешната прес-конференција.

Натпреварот Вардар – Монпеље се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 13:22