Откорнати кровни конструкции, оштетени фасади на објекти, паднати дрвја, оштетени билборди и возила е билансот од силниот ветер што доцна синоќа дуваше во Скопје со брзина од над 100 километри на час.

Дел од последиците што ги остави силниот ветер можеа да се забележат и утринава.

Екипите на Град Скопје беа мобилизирани уште во текот на ноќта и до раните утрински часови работеа на санирање на штети.

Се отстрануваа паднатите лимени конструкции од зградите и откорнатите дрвја од улиците. Од налетот на силниот ветер не издржа ниту фасадата на зградата на МЕПСО. Паднатите дрвја и делови од покриви на згради предизвикаа застој во сообраќајот.

Кровната конструкција беше падната и на средното хемиско училиште кое неодамна беше реновирано.

Ветрот ја однесе и кровната конструкција на средното хемиско училиште (Фото)

Ветрот ја однесе и кровната конструкција на средното хемиско училиште (Фото)

Ветрот ја однесе и кровната конструкција на средното хемиско училиште (Фото)


Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 15:35