Под слоганот „Нема правда, има златна бубамара“ во салата Борис Трајковски се оддржа 23-тата Златна бубамара на популарноста.
Оваа година се доделија 27 награди во повеќе категории на речиси 4-часовна забава со повеќе од сто учесници.
За најпопуларна детска емисија е прогласена „Дајте музика“ а Златна Бубамара за најдобра пеачка и хит на годината доби Тамара Тодевска за нејзината евровизиска нумера „Proud“. Влатко Лозановски пак ја доби бубамарата за најдобар пејач во изминатата година.
Статуетката Златна Бубамара во новата категорија „Песна за век и векови“ заврши кај Џина Папас Џокси за неговиот евергрин „На Велигден“.
Златна Бубамара за спортски подвиг добива алпинистката Илина Арсова за искачувањето на врвот Винсон на Антарктикот. Со искачувањето на овој врв, висок 4892 метри, Илина го комплетираше потфатот „Седум врвови“, станувајќи првата Македонка што ги искачила највисоките планини на сите седум континенти, додека златната бубамара за сатирична емисија ја доби тимот на „Фчерашни новости“.
Наградата за трајни музички вредности ја доби белградскиот рок-бенд „Електрични оргазам“.
Златна Бубамара за театарска претстава доби „Мој термин“ во продукција на МНТ. Театарски актер на годината е Јордан Симонов, а актерка на годината Тања Кочовска.
Златна Бубамара за регионална пејачка на 2019 доби хрватската ѕвезда Јелена Розга, додека Златна Бубамара за трајни музички вредности доби групата „Синтезис“.
Актерот со холивудска кариера и со македонски пасош Раде Шербеџија е овогодишен добитник на Интернационална награда за животно дело. Наградата, како боем на боем и актер на актер, му ја доделуи Игор Џамбазов, по што следеше заеднички настап на Шербеџија со Влатко Стефановски кој доби Златна Бубамара за концерт на годината за заедничкиот настап со Мирослав Тадиќ во Античкиот театар во Охрид.
Стоечки овации доби екипата на Медена земја и главната актерка во документарниот филм Атиџе и Златна Бубамара за најголем интернационален успех.
Како догогодишен амбасадор на македонската култура, во годината кога одбележува 7-децениско постоење, Златна бубамара доби и ансамблот на народни игри „Танец“.
Атмосферата во Борис Трајковски покрај Медена земја се случи и за време на доделувањето на Златната Бубамара за најголем спортски успех, кој повторно заврши во рацете на Европскиот шампион Вардар. Додека „Некст тајм“ ја пееја Ја излези Ѓурѓо коментаторите на „Спорт арена“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ ги повикаа европските шампиони да ја примат наградата.
Мите Димовски доби Златна Бубамара во категоријата - музички продуцент во 2019. ТВ актерка е Јелена Јованова, а „Преспав“ и во оваа година е добитник на Златна Бубамара за најпопуларен ТВ Проект.
Наградата за трајни музички вредности во рок-музиката заврши во рацете на Ристо Вртев, вокалист на групата „Архангел“, додека Златната Бубамара за трајни музички вредности заврши во рацете на Нишката група „Галија“: