Промоција на аудио книга „На своја кожа продолжи со насмевка-ниво 1.0“ од авторот Мирослав Драганов, која е наменета за слепите и слабовидни лица од целата територија на Република Македонија.

Драганов истакна дека оваа дело е специфично автобиографска и мотивациска и прв пат открива работи кои се поврзани со превенција на менталното здравје, за работи кои долго време биле табу тема кај нас.

Драганов информира дека аудио книгата е составена од 24 фази, каде се претставени 101 приказна.

– Книгата е концепирана на тоа што секоја животна фаза е составена од лични приказни кои се вистински. Вториот дел се состои од поезии, каде ги изразувам чувствата за одредени моменти во животот. И третиот дел е насловен „Можевме поинаку?“, некој вид на грешки кои сегашниот Мирослав си ги перципира и ги гледа во минатото, рече Драганов.

Главната порака на „Продолжи со насмевка“, посочи тој, е дека што да ни се случи во животот секогаш можеме да најдеме инспирација и да продолжиме со насмевка.

Дел од ова аудио книга се Лаура Крлиу, пејачка (во улога на рецезентка), Емине Халил, актерка (во улога на интерпретаторка на женските ликови во книгата) и Никола Здравковиќ, новинар (во улога на интерпретатор на машките ликови во книгата).

Пристапната аудио книга е изработена во рамките на кампањата „Град за читање“ и претставува формат достапен за лицата со оштетен вид согласно Договорот од Маракеш кој на слепите лица го дава основното човеково право за читање.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 18:04