По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2024 07:37