Осумгодишна суспензија за кинескиот олимписки шампион во пливање, Сун Јанг, е одлуката на судот за арбитража во Лозана за носителот на вкупно шест одличја од Олимпијадите, од кои три златни.

Казната е по барање на Светската антидопинг агенција (ВАДА), откако Јанг за време на тестирање го уништил својот примерок со крв. Претходно, тој беше ослободен од обвинение од Светската пливачка асоцијација (ФИНА), и покрај конфликтот во кој влезе со други пливачи кои тврдеа дека се допингува,.

Сун има 28 години и најави жалба на одлуката која, ако остане на сила, ќе значи и крај на неговата кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2020 00:35