Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на последните тестирања во Барселона во пресрет на новата сезона во Формула 1 шампионатот. Финецот оствари најбрз круг со време од 1:16,196 минути од 77-те што ги извозе. Втор беше Макс Ферстапен од Ред Бул со заостанување од 0,073 секунди, а трет Даниел Рикијардо од Рено со 0,080 послаб резулат од Ботас. Тимовите на Формула 1 во изминатите две недели реализираа шестдневни тестирања на патеката Каталуња крај Барселона во кои Ботас имаше најдобро време од 1:15,732 минути. Новата сезона во Формула 1 шампионатот почнува на 15 март со трка за ГН на Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2020 00:43