Новак Ѓоковиќ триумфираше на тенискиот турнир АТП 500 во Дубаи по победата над Стефанос Циципас.

Светскиот рекет број 1 победи со 6-3, 6-4 за 1 час и 17 минути игра. Ова е негова петта титула во Дубаи и прва од 2013 година. 32-годишниот Ѓоковиќ трипати направи брејк на сервис на Гркот и загуби само еднаш на негов.

На овој начин, Србинот покрај освојувањето на својата трета титула сезонава по АТП Купот со Србија и „Австралија опен“ по осми пат, поведе и во своето ривалство против Циципас.

Ова е трет успех за Новак, а Гркот има два.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2020 09:12