Претставникот на кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево, Павел Стојчевски освои златен медал на Меѓународниот кик-боксинг турнир „Гран-при 2020“ кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Како што информираше неговиот тренерот Љупчо Стојчевски, тој беше прогласен и за најдобар во дисциплината лајт-контакт.

– Павел го освои Гран-при пехарот за најдобар постар кадет во дисциплината лајт-контакт за натпреварувачи до 47 килограми. Ова признание се доделува за најдобриот поединец кој прикажа најдобри борби во оваа дисциплина. Исто така настапи и во дисциплината поинт-фајт во која за натпреварувачи до 52 килограми успеа да го освои златниот медал, вели тренерот Стојчевски.

Освен за тренерскиот дел на овој реномиран Меѓународен спортски настан, Љупчо Стојчевски ја имаше улогата и на меѓународен судија.

На „Кик-боксинг Гран-при 2020“ во Сараево годинава настапија над 650 натпреварувачи од неколку балкански држави, меѓу кои и од земјава.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2020 11:34