Италија неделава ќе предложи мерки во вредност од 3,6 милијарди евра или 0,2 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) за да и помогне на економијата да ја издржи кризата, предизвикана од епидемијата на коронавирусот, изјави министерот за економија Роберто Галтиери, цитиран од британските медиуми.

Во интервју за весникот „Ла Република“ (La Repubblica), Галтиери изјави дека е убеден дека Европската унија ќе го одобри неопходниот пристап за италијанскиот дефицит, додавајќи дека министрите на еврогрупата во средината на оваа недела телефонски ќе разговараат за оваа ситуација.

Италија го има најголемото жариште на коронавирус во Европа, регистрирајќи повеќе од 1.100 потврдени случаи на зараза, откако болеста се појави на 20 февруари.

Досега во земјата починаа најмалку 29 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2020 11:53