СЦ Борис Трајковски, А1 Арена (мала сала) во пролетниот дел од сезоната 2019/20 ќе биде борилиштето каде што ќе ги одмерат силите најдобрите клубови во пинг понгарското првенство. Од 1 Март па се до 22 Март во четири турнуси ќе се одиграат натпреварите од Супер и прва лига.
Првото пролетно коло, вкупно осмо во првенството во супер лигата помина во знакот на фаворитити, Младост и Шампион Фа забележаа победи против Вардар и Работнички, додека Радовиш и Телеком НЕЦ одиграа супер интересен натпревар кој заслужено им припадна на Радовишани со што дополнително ја замрсија борбата на дното на табелата, ако се земи во предвид и одиграниот натпревар од деветтото коло во кој Вардар беше подобар од Работнички.
Екипата на Младост 96 која во зимскиот преоден рок се засили со македонскиот првак Станојковски и играчот од Србија Стефан Костадиновиќ со што најави атак на титулата во осмото коло беше слободна
Резултати Супер лига 8 коло
Младост – Вардар 4:2
Работнички – Шампион Фа 1:4
Телеком Нец 1 – Радовиш 3:4
9 коло
Вардар – Работнички 4:2
Табела
Младост Шампион Фа Работнички Младост 96 Радовиш Телеком НЕЦ Вардар
Во првата лига фаворитите ја оправдаа улогата, Телеком НЕЦ 2, забележа лесна и убедлива победа против Мултитекс, Крива Паланка 2007 го совлада единствениот конкурент за второто место, екипата на Кочани.
Резултати Прва лига 8 коло
Телеком Нец 2 – Мултитекс 4:0
Пошта 2 – Дебар маало 4:0
Борец ТИМ – Струга 1:4
Крива Паланка 2007 – Кочани 4:2
Табела Прва лига
Телеком НЕЦ 2 Крива Паланка 2007 Кочани Струга (-1 бод) Борец Тим Мултитекс Пошта 2 Дебар Маало