Бугаринот Кубрат Пулев ќе се бори против Ентони Џошуа за титулата во тешка категорија на ИБФ на 20 јуни во Лондон.

Ова го објави главниот кандидат за појасот на својата Фејсбук страница.

„Среќен сум што можам да му го покажам на светот колку сум навистина силен“, напиша тој на социјалните медиуми.

Местото на судирот ќе биде стадионот на Тотенхем. Договорот меѓу двете страни веќе е официјално потпишан и е загарантирана битката помеѓу бугарскиот боксер и Британецот, кој е задолжителен кандидат за појасот на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) .



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2020 15:11