Американскиот технолошки гигант Епл ќе треба да плати вкупна отштета од 500 милиони долари на корисници, по обвиненијата дека компанијата ги правела постарите „ајфони“ побавни.

Според објавените документи на Окружниот суд на Сан Хозе, Калифорнија, САД, прелиминарната спогодба сè уште чека на одобрение од судијата.

Случајот отпочна 2017 година, кога корисниците почнаа со забелешки дека постарите батерии ги забавуваат нивните уреди, што потоа го наведоа како нешто што е вон првичниот договор со компанијата. Станува збор за моделите Ајфон 6, 6-с и 7.

Епл првично се согласи да плати најмалку 310 милиони долари, но сепак оттаму нагласуваат дека не се работи за признание на вина.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 11:21