Олимписките игри во Токио би можеле да бидат одложени, но само до крајот на годината бидејќи во договор со Интернационалниот олимписки комитет е наведено дека мора да се одржат до 31 декември, рече јапонската министерка, Сеико Хашимото.
И покрај ширењето на коронавирусот и загриженоста за одржување на најголемиот светски спортски настан, според Хашимото, Јапонија и Токио остануваат посветени на Игрите што треба да почнат на 24 јули.
„Одлука за откажување може да донесе само Инернационалниот олимписки комитет“, додаде Хашимото.
Ист став пред неколку дена изнесе и првиот човек на ИОК, Томас Бах.
Досегашниот буџет на Игрите е 12,5 милијарди долари, а евентуално одложување значително ќе ги зголеми трошоците на домаќинот.