Режисерот Спајк Ли изјави дека веќе нема да присуствува на натпревари на неговиот омилен НБА-кошаркарски тим Њујорк никс. Причината е кавга со одговорните во салата Медисон сквер гарден.
– Готово е за оваа сезона. Готово!, соопшти Ли за И-ес-пи-ен.
Расправијата настанала откако одговорните решиле дека Ли треба да влезе преку влезот за посебни гости, наместо преку оној за вработени. Режисерот, како што самиот тврдел, бил навикнат на вториов, зашто веќе 20 години го користел.
Имено, обезбедувањето настојувало тој да влезе преку другиот влез, па му понудиле и придружба. Но, режисерот одбил со зборовите „Уапсете ме!“ Потоа, тој бил замолен да ја напушти салата.