Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д. (27) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.03.2020 на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај крстосница „Стакларска“ во Гостивар, соопштија денеска од МВР, полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“, управувано од пријавениот, а при претрес во возилото и личен преглед на пријавениот биле пронајдени таблети екстази и 800 грама кристална материја. По преземени мерки било утврдено дека М.Д. во февруари 2020 ги набавил со намера да ги препродаде на уживатели на дрога од подрачјето на Скопје и Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 19:29