Енрике Иглесијас и Рики Мартин беа меѓу првите што ја издигнаа шпанско-јазичната поп-култура во светски феномен. За годинава, поточно за наесен тие двајца најавија заедничка турнеја низ Северна Америка.

Колумбискиот Греми-номиниран пејач Себастијан Јатра ќе настапи како најавувач на концертите.

Турнејата започнува на 5 септември во Феникс, а ќе ги опфати и Хјустон, Лос Анџелес, Торонто, Монтреал, Њујорк, Мајами и многу други градови во САД и Канада. Ќе заврши на 30 октомври во Атланта. Билетите се пуштени во продажба денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2020 12:25