Хенд Заза од Сирија е победничка на азиските квалификации во пинг понг со што избори учество на летните Олимписки игри во Токио. Има само 11 години и ќе биде прва сириска пингпонгарка на Олимпијадите.
Заза во финалето во Аман славеше над 31 година повозрасната Маријана Сахакијан од Либан со 4:3.
Една година повозрасна од неа на плaнетарниот спортски настан во Јапонија ова лето ќе биде Скај Браун кој на возраст од 12 години ќе ја претставува Велика Британија во скејтборд.