Романката Симона Халеп и Германката Анџелика Кербер го откажаа учеството на турнирот во Индијан Велс. Причина кај двете е недоволна рехабилитација по повредите.
Халел, која минатиот месец ја освои титулата во Дубаи, сè уште има проблеми со повреденото стапало
„Неверојатно сум разочарана што мора да се откажам од Индијан Велс. За жал, повредата на стапалото што ја имав и пред Дубаи и натаму ме мачи и не успеав да закрепнам за да патувам во Индијан Велс“, истакна Халеп.
Кербер, пак, има повреда на ногата поради што Германката, покрај Индијан Велс, ќе ја нема ниту на турнирот во Мајами.
– Моето трпение е на тестот овие денови, бидејќи и натаму ја санирам повредата на ногата. Се надевав дека ќе бидам подготвена за претстојните турнири, но лекарите ме советуваат да одморам уште некое време, порача Кербер.