Тениската репрезентација на Хрватска ќе игра за завршниот турнир во Дејвис купот во Мадрид, откако во вчерашните квалификациите ја елиминира Индија со 3:1.

Хрватите по првиот натпреварувачки ден поведоа со 2:0 по победите на Марин Чилиќ и на Борна Гојо. Индијците намали на 2:1 по триуфмот на Рохана Бопане и Леандро Паеш против хрватската комбинација Мате Павиќ и Франко Шкугор со 6:3, 6:7, 7:5.

Но, решавачкиот поен за домашната селекција го осигура Чилиќ кој славеше над Сумат Нагал со 6:0, 6:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2020 12:56