Членовите на карате клубот „Уранику“ од Дебар, под водство на тренерот Дурим Пачуку, продолжуваат да нижат успеси.

На Државниот напревар во Скопје со медали се закитија четворица каратисти, колку што и учествуваа. Со тоа обезбедија место во Македонската карате репрезентација на Блканското првенство што ќе се одржи во Истамбул,Турција.

-Презадоволен сум од одличниот успех на наште каратистите. Да не бидам нескромен, но ова е продолжение на континуираниот успех на членовите на нашиот клуб. Во категорија кадетки до 47 килограми златен медал освои Сара Дука, додека бронзен Вениса Думани. Во категорија до 40 килограми со злато се закитија каратстите Азиз Рамадани и Рон Пашоли, изјави за МИА тренерот Пачуку.

Тој посебна благодарност за поддршката, без која децата не би можеле да патуваат на натпревари, искажа за градоначалникот Хекуран Дука, кој дава сестрана поддршка за клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2020 14:52