Формула 1 трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози без присуство на публика порад опасноста од ширење на коронавирусот, соопштија организаторите на настанот.

Во консултација со меѓународните партнери и националната здравствена служба, Бахреин донесе одлука да нема гледалчи на годинашното гранпри.

– Земајќи го предвид ширењето на коронавирусот, би било неисправно да биде отворена трката за која илјадници странски патници доаѓаат во блиска интеракција“ се наведува во соопштението.

Трката за Големата награда на Бахреин е закажана на 22 март, една недела по воведната трка во новата сезона за ГН на Австралија (15 март).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2020 15:28