Лошите временски услови во Квитфјел го откажаа последниот супервелеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање, трката во Кортина д’Ампецо беше откажана од претходно, па малиот Кристален глобус во дисциплината му припадна на Швајцарецот Мауро Кавицел.

До титулата во супервелеслалом стигна со 365 бода, само три повеќе од Винсент Крихмаер.

Во генералниот пласман води Норвежанецот Александер Килде кој има 54 бода предност во однос на Алексис Пинтуро од Франција и 161 од сонародникот Хенрик Кристоферсен на третото место.

Скијачката сезона кај мажите ќе финишира наредниот викенд со слалом и велеслалом во Крањска Гора, иако двете трки се неисвесни поради опасноста од ширење на коронавирусот во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2020 15:47