Организаторите на тенискиот турнир во Индијан Велс, кој требаше да се одржи оваа недела, известија дека поради коронавирусот, нема да се игра. Причината е што се откриени заразени лица на подрачјето на турнирот.

Одлуката е донесена по консултација со експерти и со властите во државата Калифорнија. Не е соопштено дали Мастерсот ќе добие нов термин или воопшто е откажан.

– Ние сме подготвени да го одржиме турнирот во друг термин и ќе разгледаме опции за такво нешто, изјави Томи Хас, директор на турнирот.

Мастерсот во Индијан Велс е еден од најголемите турнири во календарите на АТП и ВТА.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2020 11:20