Општина Бутел покрај дежурниот телефон на кој граѓаните можат да пријавуваат најразлични комунални проблеми, го продолжи и работното време на архивата со цел поголема ефикаснот на администрацијата и достапност на граѓаните до општинските услуги.

Имено, Општина Бутел од почетокот на месецов го продолжи работното време на општинската архива од 07.30 – 19.00 часот.

Со оваа мерка сакаме да бидеме поблиску до граѓаните и нивните потреби за општинските услуги за кои неможат да стигнат во текот на стандардното работното време и за кои мораат да искочат од работа со цел да подигнат/ поднесат некаков документ.

Покрај горе наведените мерки кои Општина Бутел ги превзема за поголемо задовлство на своите жители од општинската админстрација, во скоро време се поготвува и инсталација на електронски систем за оценување на општинската администрација, односно шалтерските работници.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 16:30