Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од утре /11.03.2020 година, среда/ во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања – Одделение за даноци (во барака број 15), за консултации во предвидените приемни денови (вторник и петок).

Исто така, известуваме дека шалтерите во барака број 16 редовно ќе ги извршуваат своите работни дејности за прием и издавање на документи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2020 18:36