Шпанската тениска федерација објави дека претстојните турнири во земјава ќе се одржат без навивачи на трибините. Оваа одлука е донесена заради закана од ширење на коронавирус.

Најголемиот од претстојните турнири ќе се одржи во април во Барселона.

Поради коронавирусот, оваа недела беше одлучено да се одложи Мастерсот во Индијан Велс во САД, додека организаторите на турнирот во Мајами се надеваат дека мечевите ќе се играат во предвидениот термин во втората половина на март.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2020 10:39