Скијачките клубови од Тетово алармираат дека се прави штета по нивната работа и воопшто по овој спортот поради оневозможеноста на Попова Шапка да има скијање. Сметаат дека не се за оправдување временските услови, туку е потребно менување на концептот на управување.
-Оправдувaња има дека во март снегот се топи, во февруари го издува ветер, во јанаури слабо врнеше, во декември се стопи. Резултат е тоа што сезоната заврши со нула ски денови, додека Маврово се уште интензивно работи со 100 +денови, иако е на само 1.200 метри надморска височина како и Копаоник, Злaтибор, Банско, Боровец. Попова Шапка е на над 1.700 метри, вели Жарко Трпковски од скијачкит клуб Љуботен.
Тие зимава имале само одреден период ски-школа за деца, по што морале само дел од нив да продолжат на Маврово. За натпреварувања не ни имало простор да се размислува.
-Целосното менаџирање е во аут и треба да се смени. Под итно треба инсталација за вештачки снег, како и да се работи на тој снег што го има да се користи за ски сезоната. Вака не може да се работи ништо, не може сите да одат во Маврово. Зарем ќе се допушти да не се учи скијање и да не се одржува формата на оние кои се во натпреварувачки елемент, истакнува Трпковски.
Според него отсуствува и конпцет за долгорочен развој.
-Се направи нова шестоседа жичница, но нема попусто е тоа, да се овозможи да доаѓаат скијачи, а да нема инсталација за вештачки снег за да се враќа инвестицијата. Патот се реновираше, а нема нови паркинзи. Сите работи се врзани и треба да се прави притисок од ски центарот кон институциите да се соработува и наоѓа соодветено решение, рече Трпковски.
Изминатиот викенд на Попова Шапка наврнаа нови 40-тина сантиметри снег, но високите температури преку ден според надлежните од ски-центарот не дозволија снежната покривка да третира со тапкачи (ратраци). На 26 февруари беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Поради неможноста скијачите да ја корисат, истата може да послужи за панорамско разгледување.