Трката за ГН на Аргентина во мотоциклизам е поместена за ноември. Аргентинското Гранпри требаше да се вози од 17 до 19 април, како увертира за новата сезона, но по најновите случувања со коронавирусот е презакажано за 20-22 ноември.
Со поместување на ГН на Аргентина е поместена и ГН на Валенсија за 27-29 ноември, а ГН на САД ќе се одржи од 13. до 15. истиот месец.
За потсетување, претходно беа откажани трките за ГН на Катар и ГН на Тајланд, па новата сезона ќе тргне со ГН на Шпанија од 1-3 мај.