Роџер Федерер ја доби долгата битка со „Најк“ за користење на логото „РФ“. Швајцарскиот тенисер во 2018 година ја напушти соработката со американскиот производел на спортска опрема и направи трансфер кај јапонски „Уникло“ со кој потпиша десетгодишен договор на 300 милиони долари.
Од тој момент, Федерер не беше во можност да го користи логото „РФ“, бидејќи правата врз него ги имаше „Најк“, иако се иницијали на Швајцарецот. Но, и самиот повторуваше дека еден ден ќе ги врати правата на заштитниот знак што сега и се случи.
„Логото „РФ“ е на „Најк“, но еден ден повторно ќе биде мое. Тоа се мои иницијали, мои се. Се надевам дека ќе бидат кооперативни и ќе ми помогнат да го вратам. Добра работа е што не може засекогаш да бидат нивни“, рече Федерер во една прилика.
Логото „РФ“, Федерер досега можеше да го носи само на патики, бидејќи користеше производ на „Најк“, со оглед дека „Уникло“ не го произведува тој дел од опремата.