По откажување на мастерсот во Индијан Велс, Рафаел Надал размислува дали воопшто да патува на Флорида за мастерсот во Мајами.
Откако стана јасно дека тенис во Индијан Велс ќе нема, шпанскиот тенисер се врати во неговата родна земја. Тоа беше доволна причина за американски „ЕСПН“ да објави дека моментно вториот светски рекет би можел да се повлече од учество во Мајами.
Турнирот, според календарот, треба да почне на 25 март, за дел од медиумите е неизвесен, иако организаторите се самоуврени дека настанот ќе почне по планот.