Без електрична енергија утре во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Славе Деловски и Антон Панов, во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје.

Без електрична енергија во периодот од 08:05 до 15:30 часот ќе останат и корисниците од броевите 2, 4, 9, 11, 13, 15 и околу расадникот и обиколницата на улица Бутелска и Љуботенски Пат, во општина Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2020 10:46