По примерите на НБА, на МЛС и на МЛБ лигите, и првиот човек на НХЛ лигата во САД, Гери Бетмен објави прекин на натпреварувањето поради пандемија на Ковид-19.
Челниците на НХЛ лигата сооштија дека мечеви ќе бидат под суспензија на неодредено време, како и дека во наредните денови ќе се донесат чекори за реагирање по повод новонастанатата ситуација со заразната болест во светски рамки.
„Во светло на моментните случувања поради ширењето на коронавирусот, по консултации со медицински експерти и разговори со челниците на НХЛ лигата, објавуваме пауза во сезоната 2019/20. Ќе продолжиме да го следиме развојот на ситуацијата и медицинските совети, а притоа ги охрабруваме сите играчи и членови на НХЛ тимовите да ги преземат сите неопходни мерки, вклучувајќи и изолација ако е потребно. Наша цел е да продолжиме што поскоро со сезоната за да го добиеме шампионот“, се наведува во соопштението на НХЛ лигата.