Во моментите кога светскиот спорт се соочува со одложување на настани поради актуелниот Корона вирус, со јасни препораки за заштита, и рестрикции околу церемонијата за отварање на првенството, доделување на наградите и избегнување на препознатливото за снукер, џентлменско ракување, ЕБСА во координација со Министерставата за здравство и за спорт и Националната Федерација на Португалија, го продолжува Европското првенство во снукер.
Инаку Европското првенство, на кое дебитираме со тројца македонски натпреварувачи и еден судија, влегува во завршните 2 дисциплини 6 црвени и Сениори мажи.
Првиот меч во 6 црвени денес го има нашиот актуелен шампион Павле Данилов во 15 часот по македонско време со Полјакот Даниел Холојда , а во 19 часот со представникот од Северна Ирска, Грегори Кук. Утре последниот меч од групата го игра со Португалецот Тиаго Техеира.
Вториот наш представник Влатко Јанев ги започнува своите мечеви утре каде во група Ф ќе вкрсти со младиот Бугар Велиан Димитров, Ирецот Рајан Кронин и представникот од Украина Алан Триг.
Настапот во категоријата до 18 години уште во групната фаза со една победа и три порази го заврши нашата млада надеж Филип Нешкоски, каде шампион, втора година по ред стана противникот на Филип од групата, Арон Хил од Ирска.